0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Флик: ПСЖ постигна три гола речиси без шанси

Тренерот на Баерн, Ханс Дитер Флик го коментираше поразот на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите против ПСЖ (2:3).

Минхен, 8 април 2021 (МИА) – Тренерот на Баерн, Ханс Дитер Флик го коментираше поразот на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите против ПСЖ (2:3).

– Противниците постигнаа три гола без скоро никакви шанси. Имавме многу можности, Баерн можеше да постигне добар резултат, но реализацијата не беше на најдобро ниво. Како и да е, задоволен сум од нашата игра, истакна Флик.

Тој смета дека не е се завршено и на реваншот е можно да се надополни негативата.

– Ни претстои уште еден натпревар. Има многу да се игра. Можеме да се вратиме резултатски. За тоа ќе ни требаат најмалку два гола. Имаме квалитет за такво нешто, додаде Флик.

Реваншот меѓу ПСЖ и Баерн Минхен ќе се одржи на 13 април во Париз. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close