0_Спорт.ПорталФудбал

Флик претпазлив пред куп финалето со Баер

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик претпазлив во пресрет на утрешното финалето на Купот на Германија против Баер Леверкузен.

Минхен, 3 јули 2020 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик претпазлив во пресрет на утрешното финалето на Купот на Германија против Баер Леверкузен.

– Ова е финале и ова е нешто посебно. Задоволен сум од работата на тимот. Навистина ми се допаѓа расположението, квалитетот и интензитетот на тренинзите. Овие се добри предуслови, тоа ни дава одредена самодоверба. Но, ќе играме против тим кој, заради неговите јаки страни, може да нè изненади и да ни нанесе болка. Затоа мора да му пристапиме на натпреварот со целосна концентрација, нагласи Флик.

Тој на располагање ќе ги нема Хави Мартинез и Корентен Толисо.

Натпреварот Баер – Баерн ќе се игра (4 јули) во Берлин со почеток во 20 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close