0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Флик: Нема смисла да се жалиме колку сме истоштени

Сепак, 55-годишникот изјави дека повторно е во можност да направи пет замени, кои не можеше да ги добие во победата од 2:1 по продолженијата над Севиља во Будимпешта.

Минхен, 26 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик не планира да направи големи промени на утрешниот натпревар против Хофенхајм, иако Баварците во четвртокот одиграа 120 минути против Севиља во натпревар за Суперкупот на УЕФА.

– Нема смисла да се жалиме колку сме истоштени. Дури и да сме уморни, можеме да се претставиме најдобро, рече тренерот на прес-конференција.

Сепак, 55-годишникот изјави дека повторно е во можност да направи пет замени, кои не можеше да ги добие во победата од 2:1 по продолженијата над Севиља во Будимпешта.

– И јас ќе ги направам, рече Флик.

Кингсли Коман ќе може да се врати на тренинзите по карантинот. Крилото имаше контакт со лице заразено со коронавирус.

– Коман вчера направи уште еден тест и ако биде негативен, тој може да тренира со нас денес. Ќе видиме како се чувствува. Можеби ќе може да игра 20 минути, што би било добро за нас, објасни Флик.

Баерн ќе гостува кај Хофе во недела во 15:30 часот.

Таг
Back to top button
Close
Close