0_Спорт.ПорталФудбал

Флик: Ќе се трудам повторно да играме возбудлив фудбал

Тренерот Ханси Флик се приклучи на германската репрезентација. Педесет и шестгодишниот фудбалски стручњак пристигна во канцеларијата каде го помина првиот работен состанок како селектор на Германија.

Берлин, 1 август 2021 (МИА) – Тренерот Ханси Флик се приклучи на германската репрезентација. Педесет и шестгодишниот фудбалски стручњак пристигна во канцеларијата каде го помина првиот работен состанок како селектор на Германија.

– За мене, да се биде селектор на репрезентацијата е огромна одговорност. Навистина ќе направам сé што е во моја моќ за да можеме повторно да играме возбудлив фудбал. Успехот на репрезентацијата е пред сé. Има поинаква атмосфера и поинаква перцепција отколку на клупско ниво. Главниот приоритет за иднината е репрезентацијата да игра добар и успешен фудбал, истакна Флик.

Тој на селекторското место го наследи Јоаким Лев кој ги предводеше „панцирите“ од 2006 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close