Дописници МКДОпштински вести

Физички напад врз две лица во селото Крњево

Кавадарчанец пријавил физички напад врз него и уште едно лице, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Кавадарци, 27 април 2021 (МИА) – Кавадарчанец пријавил физички напад врз него и уште едно лице, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Синоќа во 18 часот во Полициската станица Кавадарци, С. М. (34) пријавил дека претходниот ден околу 19 часот на влезот во село Крњево, кавадаречко, тој и С. А. (32) биле физички нападнати од Б. М. (26) и  Р. М. (28), појасни Додевски.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/аа/

 

Таг
Back to top button
Close
Close