Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Физичка пресметка во кичевското село Лешница

Во текот на вчерашниот ден, околу 13:30 часот, во полициската станица Кичево пријавено е дека во Итната медицинска помош, со повреди бил донесен Б.А. (17) од кичевското село Лешница.

Кичево, 17 мај 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден, околу 13:30 часот, во полициската станица Кичево пријавено е дека во Итната медицинска помош, со повреди бил донесен Б.А. (17) од кичевското село Лешница.

– Според пријавеното, истиот ден во селото Б.А. бил физички нападнат од З.М.(21) од истото село и Д.Ј.(16) од Кичево. Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР – Охрди, Стефан Димоски.

Тој истакна дека во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, каде спаѓа и Кичево, во целост се почитувал полицискиот час.

Димоски посочи дека во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето на СВР – Охрид, полициските службеници извршиле 28 контроли врз лица во самоизолација, од кои шест се во Кичево. рз/фф/

Back to top button
Close
Close