Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Физичка пресметка помеѓу жители на Пехчевско

По вербална расправија во кафеана во Пехчево две лица на возраст од 22 и 55 години физички се пресметале. Немилиот настан веднаш е пријавен до пехчевската полиција која го констатирала нарушувањето на јавниот ред и мир.

Пехчево, 8 март 2021 (МИА) – По вербална расправија во кафеана во Пехчево две лица на возраст од 22 и 55 години физички се пресметале. Немилиот настан веднаш е пријавен до пехчевската полиција која го констатирала нарушувањето на јавниот ред и мир.

– На 7 март 2021 околу 20:00 часот, по претходна вербална расправија во угостителски објект во Пехчево, регситрирана е физичка пресметка помеѓу  нарушувњер на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.Н (26) од Пехчево и А.К (55) од село Црник. На местото на настанот излегле полициски службеници за расчистување на случајот, информираа од полицијата во Пехчево.

По комплетирање на случајот, од полицијата се најавени соодветни поднесоци за учесниците во физичката пресметка. в.с/цр/

Back to top button
Close
Close