ЕвропаЕвропа.Портал

Фирма која учествува во кампањата на Бајден – цел на, веројатно руски, хакери

Мајкрософт“ неодамна предупреди консултантска фирма што учествува во предизборната кампања на Џо Бајден, кандидат на Демократската партија на САД на претстојните претседателски избори, дека наводно била мета на руски хакери кои работеле со поддршка на владата во Москва.

Вашингтон, 10 септември 2020 (МИА) – „Мајкрософт“ неодамна предупреди консултантска фирма што учествува во предизборната кампања на Џо Бајден, кандидат на Демократската партија на САД на претстојните претседателски избори, дека наводно била мета на руски хакери кои работеле со поддршка на владата во Москва.

Хакерските напади врз компјутерските мрежи на вашингтонската компанија „СКДК“, кои наводно се случиле во текот на изминатите два месеци, биле неуспешни поради добрата заштита,но засега нема коментар од засегнатите страни.

Реагирајќи на наводите за напади на руски „државни хакери“ кон компанијата, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги опиша обвинувањата како бесмислени, а Русија и претходно негираше обвинувања дека на тој начин била вклучена во одржување избори во други земји. ссм/

Back to top button
Close
Close