0_Спорт.ПорталФудбал

Фиорентина му нуди на Тијаго Силва четири милиони евра годишно

Дефанзивецот Тијаго Силва може да ја продолжи кариерата во Фиорентина. Италијанскиот клуб му нуди на 35-годишниот Бразилец договор со плата од четири милиони евра годишно, пренесува „Ла газета дело спорт“.

Рим, 20 август 2020 (МИА) – Дефанзивецот Тијаго Силва може да ја продолжи кариерата во Фиорентина. Италијанскиот клуб му нуди на 35-годишниот Бразилец договор со плата од четири милиони евра годишно, пренесува „Ла газета дело спорт“.

Договорот на Силва со ПСЖ истекува по крајот на оваа сезона. Францускиот клуб нема да го обнови договорот на капитенот.

Во сезоната 2019/2020, Силва одигра 34 натпревари за ПСЖ, даде еден гол и забележа една асистенција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close