0_Спорт.ПорталФудбал

Фиорентина го разреши Прандели

Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина реши да го разреши Чезаре Прандели од функцијата главен тренер на тимот.

Фиренца, 23 март 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина реши да го разреши Чезаре Прандели од функцијата главен тренер на тимот.

Тимот следниот период ќе го води Џузепе Јакини, објави инсајдерот Џанлука Ди Марцио.

Виолетовите од Фиренца имаат само три победи на последните 11 натпревари во Серија А, губејќи шест пати, вклучувајќи го и високиот пораз од Наполи со 0:6.

По 28 кола, тимот го зазема 14. место во поредокот со 29 бода.

Јакини веќе беше тренер на Фиорентина од декември 2019 до ноември 2020 година. Тој беше заменет со Прандели. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close