0_Спорт.ПорталФудбал

Финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа може да помине без гледачи

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) се уште планира да ги одржи заврши турнирите на евро-куповите оваа сезона пред почетокот на ждрепката за следната сезона.

Нион, 1 април 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) се уште планира да ги одржи заврши турнирите на евро-куповите оваа сезона пред почетокот на ждрепката за следната сезона.

Разгледана е опцијата за одржување на финалните натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа без навивачи.

Денес, на 1 април, УЕФА, преку видео конференција, ќе разговара за прашања од договори за фудбалери и времето за трансфер прозорците.

Исто така, ќе се дискутира за календарската состојба за остатокот од сезоната. УЕФА има иста позиција како и во англиската Премиер лига – првенствата мора да се доиграат.

Претходно се појавија нформации дека европските првенства би можеле да бидат завршени во август.

Во моментов, сите професионални турнири во Европа, со исклучок на Белорускиот шампионат, се прекинати поради пандемијата на коронавирус. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close