СветСвет.Портал

Филипинската полиција уби четворица екстремисти

Филипинската полиција во престрелка уби четворица џихадисти кои се криеле во засолниште во Манила .

Манила, 26 јуни (МИА)Филипинската полиција во престрелка уби четворица џихадисти кои се криеле во засолниште во Манила .

Еден полицаец е застрелан во ногата и хоспитализиран, соопшти полицијата.

За време на претресот на скривалиштето во предградие на Манила запленети се пиштоли, делови од експлозив, сметки за трансфер на пари и две црни знамиња од Исламска држава.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте разгледува дали да потпише нов, построг закон за борба против тероризмот, донесен од Конгресот. Началникот на армијата, Фелимон Сантос денешната акција и престрелката со екстремистите ја наведе како причина зошто законот треба да биде потпишан што е можно поскоро.

– Загрозени се јавната безбедност и општото добро. Треба да се заштитиме и да се одбраниме од терористите без одлагање, рече Сантос.

Од друга страна, критичарите на законот  сметаат дека тој во голема мерка го дефинира терминот тероризам. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close