0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерОпштество

Филипче: Животот нема да биде како порано, животните процеси согласно мерките

И по укинувањето на рестриктивните мерки, животот нема да биде каков што бил, туку ќе има поинаков начин на организирање на животните процеси. Мерките за претпазливост ќе останат се додека не се пронајде вакцина за коронавирусот, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ 24.

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – И по укинувањето на рестриктивните мерки, животот нема да биде каков што бил, туку ќе има поинаков начин на организирање на животните процеси. Мерките за претпазливост ќе останат се додека не се пронајде вакцина за коронавирусот, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ 24.

-Животот нема да биде ист како што беше. Не само кај нас, туку и во светот. Секоја држава има своја специфика, но, универзалните мерки остануваат, а тоа се одржувањето на физичка дистанца, носењето маски, да нема групирање. На есен, кога се очекува нов пик, ќе имаме поинакво организација на многу животни процеси. Ќе остане носењето на маска. Веројатно ќе треба и поголема дистанцата на седење во училиштата, во рестораните, на работните места, во големите производствени сали. Нема исто да биде организиран и јавниот превоз. Значи, секаде ќе треба да се одржуваа оваа дистанца од метар, метар и половина. Нема да се седи исто и во авионите. Тоа така ќе биде се до појавата на вакцината и на таков начин да се стекне имунитет, изјави министерот Филипче.

Тој рече дека во соработка со Министерството за образование ќе се разговара како ќе биде организирана наставата во училиштата, во согласност со универзалните мерки, како одржување на физичка дистанца.

Министерот за здравство рече дека и здравствениот систем во иднина ќе функцинонира со одвојување на пациентите позитивни на Ковид-19 и оние кои не се позитивни. ир/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close