0_Македонија.ПорталОпштество

Филипче: Стратегијата даде добри резултати, бројот на активни пациенти значително се намалува

Министерот за здравство Венко Филипче во врска со тестовите за Ковид-19 денеска категорично ги отфрли шпекулациите дека постои некаков политички интерес и заради тоа се намалува бројот на тестирања.

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче во врска со тестовите за Ковид-19 денеска категорично ги отфрли шпекулациите дека постои некаков политички интерес и заради тоа се намалува бројот на тестирања.

Центарот за јавно здравје во Скопје, заедно со Институтот за јаво здравје, а тоа го дискутиравме на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести, посочи министерот, пристапува кон правење план за скрининг на лица кои се смета дека се во некои критични категории, со оглед на слободниот капацитет, кој сега го имаме во лабораториите.

– Како одминува оваа фаза од епидемијата се постави очекувано потреба да се надгради стратегијата, заради тоа што таа даде исклучително добри резултати и тоа што сега имаме намален број тестирања е тоа што ние всушност сакавме да го постигнеме, заради тоа што тестиравме пациенти кои имаа симптоми, што значи дека е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува, значи една успешна стратегија. Градиме план истата да се надгради за да влеземе во новата фаза на епидемијата, додаде Филипче. рп/са/

Back to top button
Close
Close