0_Македонија.ПорталОпштествоПолитика

Филипче со пензионери од Штип: Четврти месец има достапни лекови во секое време

Министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев денеска во Штип остварија средба со Здружението на пензионери од Штип на која разговараа за мерките што ги имплементира ресорното Министерство.

Штип, 21 јануари 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев денеска имаа средба со Здружението на пензионери од Штип на која разговараа за мерките што ги имплементира ресорното Министерство.

– Граѓаните веќе четврти месец имаат достапни лекови во секое време. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, сега пациентите можат во кој било период од месецот да ја земат својата терапија. Граѓаните се навистина задоволни, решивме долгогодишен проблем, изјави Филипче пред пензионерите.

Потенцираше дека како никогаш досега се инвестира во човечкиот капитал и оти преку зголемување на платите се мотивираат здравствените работници да останат во државата и да работат во јавното здравство.

Лицата над 65 години, како што беше посочено на средбата, имаат право на бесплатна вакцина против сезонски грип, а на пензионерите со пониска пензија од просечната им следува бесплатно болничко лекување.

– Се грижиме за здравјето на пензионерите, тие се нашиот врвен приоритет, рече државниот секретар Милошев. бак/са/

Back to top button
Close
Close