0_Македонија.ПорталВидео изјаваПолитика

Филипче: Околу 15 семејства сочинуваат 90 проценти од новозаболените

Петнаесеттина семејства носат околу 90 проценти од новите случаи на заболени од КОВИД-19, покажува кластерската анализа на новодијагностицирани пациенти.  Ова, според министерот за здравство Венко Филипче, укажува дека болеста се шири тесно во рамки на овие кластери, но има и нови спорадични случаи што е доказ дека вирусот постои и се шири. 

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Петнаесеттина семејства сочинуваат околу 90 проценти од новите случаи на заболени од КОВИД-19, покажува кластерската анализа на новодијагностицирани пациенти.

Ова, според министерот за здравство Венко Филипче, укажува дека болеста се шири тесно во рамки на овие кластери, но има и нови спорадични случаи што е доказ дека вирусот постои и се шири.

– Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници. Но зголемениот број на заболени е очекуван поради начинот на тестирање што се применивме измиинатите денови, истакна Филипче на денешната прес-конференција.

Нагласи дека очекувањата се оти овој бран многу кратко ќе трае, но сепак, како што рече, се максимално внимателни и претпазливи.

Меѓу заболените има и 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ и двајца здравствени работници во Клиниката за гинекологија и акушерство.

Филипче посочи дека има огромен број на асимптоматични случаи и со лесни симптоми но тоа, според него, не значи дека вирусот не е опасен бидејќи има и случаи на пациенти со тешки клинички слики.

Смета дека одлуката за рестриктивни мерки е оправдана, а Комисијата за заразни болести во овие два дена ќе направи детална анализа по што во недела ќе одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори.

– Вирусот е тука, се шири, а непочитувањето на мерките, ќе значи продолжување на кризата, порача Филипче. бак/ац/

 

Back to top button
Close
Close