0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Филипче: Ново зголемување на платите во здравството

Повисоки плати од следниот месец со исплатата во март ќе добијат 18.300 вработени во здравствениот систем, односно здравствени работници, лекари, медицински сестри и здравствени соработници и младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал.  Се зголемуваат коефициентите на сложеност  и процентите  за исплата на дежурствата откако Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на Клинички центар постигнаа договор за анексите на двата колективни договори.

Скопје, 8 јануари 2020 (МИА) –  Повисоки плати од следниот месец со исплатата во март ќе добијат 18.300 вработени во здравствениот систем, односно здравствени работници, лекари, медицински сестри и здравствени соработници и младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал.  Се зголемуваат коефициентите на сложеност  и процентите  за исплата на дежурствата откако Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на Клинички центар постигнаа договор за анексите на двата колективни договори.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција објави дека договорот е потпишан неколку дена пред почнување со работа на техничката влада и оти тој е постигнат по инклузивен и отворен процес на социјален дијалог, кој го воделе во континуитет во изминатите години. Ова зголемување на платите, укажа, е практично трето  во последните две години, а четврто ако се вклучи и зголемувањето на процентите за дежурства.

Новото последно зголемување вработените од здравствениот систем ќе го добијат од февруари годинава, со мартовската исплата. Има зголемување од 20 отсто за наставниот кадар, за лекарите специјалисти ширум државата е предвидено зголемување од 25 отсто, општите лекари – 15 отсто, медицинските сестри – 10 отсто, здравствените соработници 5 отсто и исто толку проценти за помошно техничкиот персонал, рече Филипче.

– Кумулативно вкупното зголемување на основните плати на лекарот специјалист ширум земјата ќе биде, заедно со ова последно, 40 отсто, на медицинските сестри 20 отсто, 23 отсто во Клиничкиот ценатр, на општите лекари 25 отсто и на здравствените соработници 15 отсто, рече Филипче.

Министерот за здравство Филипче потенцираше дека со зголемување на коефициентите на сложеност, се зголемуваат и процентите за исплата на дежурства. Дежурствата во однос на тоа што беа на почеток на 2018 година, како што рече, сега во овој момент се зголемени за три до четири пати, а од февруари ќе бидат зголемени за четири до пет пати. Посочи дека дежурствата претставуваат напорна и тешка работа и секаде во светот многу се плаќаат, а ние се приближуваме, согласно нашите можности, тоа да биде солидна сума на средства која лекарот специјалист ќе ја добие за 24-часовно или за 16-часовно дежурство.

Сега на некои клиники каде има голема комплексност, како хируршките клиники, како што рече, заедно со дежурствата платата достигнува 100 илјади денари, а од февруари на сите клиники платата ќе биде 100 илјади денари, некаде може и да се надмине, а сериозно ќе се доближи меѓу 85.000 и 100.000 денари во зависност од дежурствата во сите други општи болници ширум државата.

Филипче најави дека ќе настојуваат да се обезбедат средства и понатаму за зголемување на платите на сите вработени во јавното здравство. Соопшти дека покренуваат процес, доколку е можно, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, во следниот период ако има зголемување на платите во целиот сектор, зголемување да добие и адмистрацијата која работи во здравството.

Министерот за здравство смета дека со овие политики и инвестиција во луѓето, пред се, во младите лекари, ќе се стимулираат да останат во нашата земја и со овие мерки ќе се врати дигнитетот на професијата лекар.

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски потенцира дека ова е најголемото зголемување на платите што се случило во здравството. Образложи дека има различни процентуални зголемувања. Лекарите специјалисти на основата нето плата ќе добијат од 9.200 до 12.000 денари, а лекарите од општа медицина ќе добијат од 4.200 до 4.600 денари на нето основната плата. Зголемувањето кај медицинските сестри со средно образование ќе изнесува од 1.800 до 2.200 денари, сестрите со високо образование ќе добијат од 2.600 до три илјади денари на основната нето плата. Помошно-техничкиот персонал би добил од 800 до 1.200 денари. Посочи дека сето ова се однесува за 18.300 вработени во здравствениот систем или 91 отсто од вработените во здравството ќе го почувствуваат зголемувањето на февруарската плата.

Претседателот на Синдикатот на Клинички центар Горан Беговиќ изјави дека многу се задоволни што успеале за помошно-техничкиот персонал  да ги зголемат платите. Во понатомашниот период, како што рече, остануваме да се бориме за административниот персонал, наш, здравствен, и нашиот административен персонал да се изземе во однос на специификата на работата од останатиот административен персонал. мд/лв/

Back to top button
Close
Close