0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Филипче: Не е исклучена тешка клиничка слика и кај помладите пациенти

Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи. Иако повозрасната група на граѓани е повеќе подложна, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи. Иако повозрасната група на граѓани е повеќе подложна, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

На прес-конференцијата, на која информираше дека меѓу тројцата починати пациенти во измиантите 24 часа има и еден 40-годишен пациент кој немал никакви претходни заболувања, Филипче рече дека пациентите имале тешка клиничка слика.

– Манфестацијата на болеста беше во најтешката форма. Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и сите други органски системи. Таквата е карактеристиката, механизмот на дејство преку еден вид специфични рецептори. Иако повозрасната група на граѓани се повеќе подложни, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти и за жал смртен исход, рече Филипче.

Во однос на тестирањата повтори дека земјава има направено огромен број на тестови на милион жители и оти пристапот на тестирање што сега се применува дава добри резултати.

– Епидемиолозите се на тоа мислење дека само ваквиот пристап дава добри резултати, остава минимален, практично никаков простор за грешка односно за лажно негативни резултати што во оваа фаза на епидемијата е најбитниот момент, рече Филипче. бак/лв/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close