0_Македонија.ПорталОпштество

Филипче: Награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници

Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил соопшти дека Владата предвидува награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници.

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил соопшти дека Владата предвидува награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници.

Тука, посочува Филипче, се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како и сите членови на тимовите од итна медицинска помош.

– Благодарност за најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19, пишува Филипче. мс/са/

Back to top button
Close
Close