0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Филипче на средба со најдобрите студенти на Медицински факултет

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше средба со најдобрите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од академската 2018/2019 година, коишто оствариле 10,00 просек.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше средба со најдобрите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од академската 2018/2019 година, коишто оствариле 10,00 просек.

Филипче, како што информираат од Министерството за здравство, им честитал на постигнатиот успех и им посакал градење кариера во нашата држава, каде значително се подобрени условите за вработување за младите и просперитетни лекари.

– Со новите мерки кои ги воведовме во изминатите две години, успеавме да ги привлечеме и да ги задржиме и најдобрите кадри на кои сме неизмерно горди, а со самото тоа отвораме опции за нови вработувања и за младите. Верувам дека и овие млади луѓе ќе бидат дел од квалитетниот здравствен систем што го градиме, и каде човечкиот капитал вистински се цени и се вреднува, истакнал на средбата министерот Филипче. дма/вј/

Back to top button
Close
Close