0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Филипче:Гевгелиската болница е одличен пример за справување со коронавирусот

Гевгелиската Општа болница во која нема ниту еден заразен доктор, ниту пак медицинска сестра, е одличен пример за успешно справување со коронавирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче при денешната работна посета на која оствари средба со дел од персоналот на болницата.

Гевгелија, 27 јуни 2020 (МИА) – Гевгелиската Општа болница во која нема ниту еден заразен доктор, ниту пак медицинска сестра, е одличен пример за успешно справување со коронавирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче при денешната работна посета на која оствари средба со дел од персоналот на болницата.

– Персоналот и епидемиолозите од болницата одлично се справија со оваа криза преку заедничка работа и благовремено споделување на информации меѓу докторите од претклиничките и клиничките специјалности,навремено се пристапи во брза идентификација на заболените со ставање на нивните контакти во изолација и сега во последните неколку дена практично нема новозаразени од Ковид-19 во Гевгелија, нагласи Филипче.

Тој ја пофали болницата дека е одлично подготвена и оти има дел во кој посебно се примаат пациентите за тријажа односно проверка дали се позитивни на вирусот или не, се прави анкета со нив и заради тоа, посочи, Гевгелија е градот во кој многу малку епидемиолозите имаат проблеми со неточни информации за разлика од нивните колеги од другите градови.

Покрај ова, на средбата со медицинскиот персонал во Гевгелија, се разговарало и за организацијата на работата во летните месеци,но посебно на есен кога покрај заболените од Ковид-19 се очекува да има посебен притисок и од пациенти заболени од сезонски грип или доколку повторно се јават морбилите.

По отворањето на границите, Филипче не очекува зголемен број на заразени од коронавирусот затоа што нивниот број побргу се зголемувал преку локална трансмисија на вирусот со кој, како што истакна, мора да се научиме да живееме преку примена на превентивни мерки и средства за лична заштита кои се применуваат секаде во светот. им/цр

Back to top button
Close
Close