0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваОпштество

Филипче: Добивме авиган за 100 пациенти

На заболените со КОВИД-19 во земјава од денеска им е достапен лекот фавипиравир (авиган), а Комисијата за заразни болести ѝ препорача на Владата да се отворат казината, автомат-клубовите и ФЛТ-апаратите во обложувалниците, да профункционира јавниот превоз во Тетово и кон крајот на неделава да се отворат вежбалниците и фитнес-центрите согласно веќе утврдените протоколи. За отворањето на границите дополнително ќе се разговара во текот на денов и утре, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – На заболените со КОВИД-19 во земјава од денеска им е достапен лекот „фавипиравир“ (авиган), а Комисијата за заразни болести ѝ препорача на Владата да се отворат казината, автомат-клубовите и ФЛТ-апаратите во обложувалниците, да профункционира јавниот превоз во Тетово и кон крајот на неделава да се отворат вежбалниците и фитнес-центрите согласно веќе утврдените протоколи. За отворањето на границите дополнително ќе се разговара во текот на денов и утре, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Денеска преку итна неповратна помош преку Амбасадата на Јапонија го добивме лекот фавипиравир (авиган) за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС – Канцеларијата за проекти на ОН. Добивме авиган за 100 пациенти. Станува збор за антврирусна терапија што во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата во 2014 година и сè уште не е одобрен да биде специфичен лек за Ковид-19, но во тек се бројни клинички студии и од искуствата во апликацијата веќе има доста добри резултати во повеќе земји, рече Филипче на денешната прес-конференција искажувајќи благодарност до Амбасадата на Јапонија.

Генеричките форми, додаде тој, веќе се одобрени во Русија и во Индија, а се користат и во други земји во светот како офлејбл лек, а за да биде дефинитивно потврден потребно е да завршат клиничките студии, но сепак е очигледно дека има добри резултати кај пациентите во многу земји и се пропишува по бројни анализи на крвта.

– Епидемијата е сè уште во полн ек. Состојбата во регионот укажува дека практично во сите земји има пораст на случаите. Ова повторно не води до заклучокот дека вирусот е тука, ќе мораме да продолжиме да живееме со него, да се навикнеме на правилата за лична заштита и по тие правила практично ќе се функционира веројатно долг период, не само оваа година, веројатно и следната година. Ние четири месеци сме во борба со коронавирусот, направивме многу да одговориме на овој светски здравствен предизвик. Тоа ќе го правиме и понатаму, рече Филипче

Тој апелираше до политичките партии да ги почитуваат мерките и да бидат пример за граѓаните како се штити здравјето.

Во последните 24 часа, како што посочи, направени се 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6. Починати се девет лица од кои пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1.

– Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975. Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот, рече Филипче.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, посочи, од вкупниот број на позитивни случаи регистрирани во периодот од 12 до 20 јуни најголем дел се од Скопје 58,3 проценти и од Тетово 14,2 проценти.

– Со ова практично се докажува тоа дека овие два града и нивната околина се практично најголемите жаришта во државата. Во другите градови се регистрира драстично помал број на случаи. Од 12 јуни регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години – 24,2 проценти. Сепак има и помлади лица коишто се заболени од 30 до 39 години – 19,4 проценти што укажува на тоа дека никој не е поштеден ниту имун на вирусот. Во однос на статистиката на смртни случаи регистрирани се 65 случаи во истиот период од 10 градови. Најголем дел на возраст над 60 години – 83,1 процент, а 58 од овие случаи односно 89 се практично случаи коишто имаат бројни хронични заболувања, појасни министерот за здравство.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација. Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на Ковид-19. До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

– Со ова до утрово бројот на хоспитализирани пациенти е 379 или проценти од вкупниот број на активни случаи,  практично 87 проценти од вкупниот број дијагностицирани лица се на домашно лекување или практично асимтоматски. И покрај тоа што има голем број на хоспитализирани пациенти се уште има капацитет за сместување во болниците и тоа во Битола во сегашниот оддел пет слободни места со потенцијал да се ослободат уште повеќе спратови во самата болница, слободни места има и во Охрид, Куманово, во Гостивар девет, во Прилеп 10, во Штип има 12 слободни болнички кревети, истакна Филипче.

Од денеска, предочи министерот за здравство, започнува да се организира во крајната фаза и со работа да профункционира лабораторијата во болницата во Битола каде што ќе се анализираат сите брисеви на пациенти хоспитализирани тука, но и од регионот со што ќе се растерети капацитетот во лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

– Во модуларната болница има 60-ина слободни кревети и практично е целата слободна, само еден пациент е сместен во болницата во Козле која што изминативе неколку денови практично се стави во функција за третман на КОВИД позитивни пациенти, доопремена е со неопходната опрема која што е потребна, како и соодветен број на лекари коишто доаѓаат од интернистичките клиники, пред се специјалисти пулмолози коишто ќе работат заедно со тамошните експерти, значи тука ќе бидат сместувани не само деца како досега, туку и возрасни доколку има потреба. И покрај тоа што има доволен капацитет болнички, медицинскиот персонал е навистина преморен. Ние секојдневно правиме и реаорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа и ова засега добро функционира. Системот можеме да го одржиме, но секако дека не можеме да издржиме без помош од граѓаните и почитувањето на мерките од нивна страна, рече Филипче.

Повторно апелирам, додаде министерот за здравство, до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита, да се помогне пред сè на себеси и на своите најблиски и секако на сите вработени во здравствениот сектор. вј/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close