0_Македонија.ПорталОпштество

Филипче: Да се мијат или дезинфицираат рацете откако ќе се користи јавен превоз

Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил денеска објави препораки за патници кои користат јавен превоз.

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил денеска објави препораки за патници кои користат јавен превоз.

Редовно мијте ги или дезинфицирајте ги рацете, особено по допир на површини во јавниот простор (држачи, рачки, копчиња), покријте ја устата со марамче или превиткан лакт доколку се накашлате или кивнете и секогаш кога сте во можност, користете велосипед или пешачете, посочува министерот во препораките. рп/дма/

Back to top button
Close
Close