
Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека 91 отсто од здравствените работници кои беа заболени од Ковид-19 сега се целосно оздравени.
– Им одавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување, додава Филипче во објавата.
Министерството за здравство соопшти дека од вкупно 247 здравствени работници заразени со Ковид-19, 226 оздравеле. – Односно, 91 отсто од здравствените работници позитивни на коронавирус се оздравени, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се апелира до граѓаните во целост да ги почитуваат препораките.
Во друга објава, тој посочува и дека дДо крајот на претстојнава неделата ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција. сп/