0_Македонија.ПорталОпштество

Филипче: Целосно ги реновиравме хируршките сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Комплетно реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ - Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, се пуштија во употреба кон крајот на 2018 година. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди. Заменети и надградени се сите постојни инсталации. Има нова климатизација и вентилација на салите со комплетна регулација на воздухот. Вградени се нови оперативни столови и нови светла над нив. Исто така, набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема, соопшти Министерството за здравство.

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Комплетно реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ – Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, се пуштија во употреба кон крајот на 2018 година. Направена е комплетна реконструкција на операциските сали по сите светски стандарди. Заменети и надградени се сите постојни инсталации. Има нова климатизација и вентилација на салите со комплетна регулација на воздухот. Вградени се нови оперативни столови и нови светла над нив. Исто така, набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема, соопшти Министерството за здравство.

– Условите за третман на пациентите во оваа установа се одлични. Пациентите сега имаат врвна медицинска услуга. Го подигнавме здравствениот систем на едно повисоко ниво. Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи, а во моментов се подобруваат условите и во други клиники и болници. Пациентите и вработените во јавното здравство конечно ги ставивме на прво место. Продолжуваме преку инфраструктурно инвестирање да им ја олеснуваме работата на сите здравствени работници, а пациентите да бидат задоволни од здравствениот третман, изјави министерот Филипче.

Целото реновирање чинеше над 30 милиони денари. Најголемиот дел од средствата се преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1,5 милиони денари од донации, стои во соопштението. рп/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close