0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Филип Чурлевски нов играч на РК Прилеп

Чурлевски исто така е и поранешен репрезентативец на Македонија односно настапуваше на Светското Првенство во 2019 кое се одржуваше во Данска и Германија.

Прилеп, 27 јуни 2020 (МИА) – Денес и официјално нов играч на ракометниот клуб Прилеп стана Филип Чурлевски.

Тој доаѓа од екипата на Еурофарм Пелистер каде настапуваше во изминатите 4 сезони.

Пред Еурофарм Пелистер, Чурлевски настапуваше за екипата на Вардар Јуниор и матичниот Пелистер.

Чурлевски исто така е и поранешен репрезентативец на Македонија односно настапуваше на Светското Првенство во 2019 кое се одржуваше во Данска и Германија.

– Без сомнение Филип ќе биде големо засилување за составот на Горан Кузманоски. Му посакуваме успеси во дресот на Прилеп како што тоа го правеше неговиот покоен татко во дресот на Тутунски Комбинат и подоцна од клупата на Прилеп, соопштија од клубот.

Таг
Back to top button
Close
Close