Дописници СветЕвропа

Филхармонијата на Париз го одржа својот прв концерт по карантинските мерки

Филхармонијата на Париз по подолга пауза поради карантинските мерки го одржа својот прв концерт, без публика и со два метра растојание меѓу дувачките инструменти, јави дописникот на МИА.

Париз, 28 мај 2020 (МИА) – Филхармонијата на Париз по подолга пауза поради карантинските мерки го одржа својот прв концерт, без публика и со два метра растојание меѓу дувачките инструменти, јави дописникот на МИА.

Концеротот се одржа во големата сала Пјер Булез, а се емитуваше онлајн на платформата „Филхармонија во живо“.

– Ние сме насмеани, разменуваме шеги и дури се забавуваме со аплаудирање на крајот од секое дело наспроти празната сала, освен неколку новинари, сниматели и техничари. Повторното собирање по двомесечната пауза е како „да сме нуркале, и откако излеговме на површината на водата, земаме длабок здив на свеж воздух“, изјави за француските медиуми Филип Ајш, прва соло виолина, кој ја предложи програмата за овој концерт зад затворени врати.

Програмата за концертот е изведена во намален состав, со помалку од 20 музичари. тг/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close