Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Филд: Дејтонскиот договор не е совршен, но секоја измена мора да биде со консензус

Дејтонскиот договор имаше цел да го заврши судирот во БиХ и тој не е совршен, но какви било промени мора да бидат реализирани со постигнување консензус, како и преку конструктивен дијалог, изјави амабасадорот на Обединетото Кралство во Сараево, Метју Филд.

Сараево, 12 март 2020 (МИА) – Дејтонскиот договор имаше цел да го заврши судирот во БиХ и тој не е совршен, но какви било промени мора да бидат реализирани со постигнување консензус, како и преку конструктивен дијалог, изјави амабасадорот на Обединетото Кралство во Сараево, Метју Филд.

„Тие промени треба земјата да ја приближат до европските и меѓународните стандарди, а не да ја оддалечат“, истакна Филд во интервју за бањалучкиот весник „Независне новине“.

Филд изјави дека од Дејтонскиот договор во земјата мирот се одржува цели 25 години.

„Дејтон не е совршен, што можевме да видиме преку одлуките на Европскиот суд за човекови права во случаите против БиХ, но кои било промени на Уставот на оваа земја мора да се постигнат преку конструктивен дијалог и постигнување консензус“, додаде британскиот амбасадор. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close