0_Спорт.ПорталКошарка

Филаделфија го сака Д’Антони, бидејќи сметаат дека тој може да го привлече Харден во Сиксерс

Филаделфија размислува да го покани Мајк Д'Антони за главен тренер.

Филаделфија, 24 септември 2020 (МИА) – Филаделфија размислува да го покани Мајк Д’Антони за главен тренер.

Според новинарот на „NBC Sports“, Џон Кларк, клубот верува дека Д’Антони може да го привлече лидерот на Хјустон, Џејмс Харден во Сиксерс.

Договорот на Харден со „ракетите“ важи уште две сезони.

Покрај Д’Антони, за испразнетото место во Филаделфија претендира и асистентот на Клиперс, Тајрон Лиу. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close