0_Магазин.ПорталСцена

Фифти Сент ги опцу наградите Еми

Незадоволството на Фифти Сент е предизвикано од тоа што ТВ-серијата „Моќ“ (Power), којашто тој ја продуцира и глуми во неа, не е меѓу номинираните. Серијата траеше од 2014 година, а заврши оваа 2020 година.

Лос Анџелес, 6 август 2020 (МИА) – Американскиoт рапер и продуцент Фифти Сент во објава на Инстаграм, отворено го опцу жирито на Американските телевизиски награди Еми.

„В ред, Еми, вака да ви кажам… Мојот црн г** е тука доколку сакате да го бакнете. Да ви ја е**м организацијата, ме интересираат само наградите од Националната асоцијација за развој на расните малцинства (НААЦП)“, како што напиша тој.

Очевидно, незадоволството на Фифти Сент е предизвикано од тоа што ТВ-серијата „Моќ“ (Power), којашто тој ја продуцира и глуми во неа, не е меѓу номинираните за наградите Еми. Серијата траеше од 2014 година, а заврши оваа 2020 година. Последната сезона има 11 номинации за НААЦП-наградите.

Фифти Сент, инаку, е познат по своите конфликти и расправии со луѓе од американската сцена, па и свои колеги рапери. си/

Таг
Back to top button
Close
Close