0_Спорт.ПорталОстанато

ФИА ќе ја заостри контролата над работата на моторите во Формула 1

Светската автомобилистичка федерација има намера повторно да ја засили контролата врз усогласеноста со правилата. Беше решено да се обрне посебно внимание на две точки - маслото во цилиндрите на моторот и сензорите за моќност во системот за обновување на енергијата, пренесува „Motorsport“.

Лондон, 5 јуни 2020 (МИА) – Светската автомобилистичка федерација има намера повторно да ја засили контролата врз усогласеноста со правилата. Беше решено да се обрне посебно внимание на две точки – маслото во цилиндрите на моторот и сензорите за моќност во системот за обновување на енергијата, пренесува „Motorsport“.

ФИА планира да ја прошири контролата со воспоставување нови правила за мерење на количината на масло за време на викендот.

Што се однесува до „ERS“, ќе биде вклучена ажурирана верзија на сензорите уште од првите трки на претстојниот шампионат. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close