0_Спорт.ПорталФудбал

ФФМ се соочува со казна од УЕФА поради кршење на здравствените протоколи пред мечот со Холандија

Фудбалската федерација на Македонија се соочува со казна од УЕФА за можно кршење на здравствените правила од страна на нејзините играчи на ЕВРО 2020, иако тимот веќе е елиминиран од првенството.

Нион, 23 јуни 2021 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија се соочува со казна од УЕФА за можно кршење на здравствените правила од страна на нејзините играчи на ЕВРО 2020, иако тимот веќе е елиминиран од првенството.

Надлежниот орган на Европската фудбалска асоцијација веќе ја заврши истрагата за наводно „лошо однесување и потенцијално кршење на здравствените протоколи“ од страна на играчите на ЕВРО 2020. Тоа се однесува на земање брис од играчи во Амстердам во саботата (19 јуни) за задолжителни тестови COVID-19, две дена пред мечот со Холандија, објави попладнево Германската новинска агенција (DPA).

Евентуалните санкции на УЕФА ќе бидат против федерацијата на Северна Македонија, а нема да бидат индивидуални, односно нема да бидат изречени кон играчите, пишува „Дејли њуз“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close