0_Спорт.ПорталФудбал

ФФМ објави допис од УЕФА и ФИФА во врска со спорот со АМС

Фудбалската федерација на Македонија денес го објави официјалниот допис од генералните секретари на УЕФА и ФИФА во врска со спорот меѓу Агенцијата за млади и спорт и ФФМ.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија денес го објави официјалниот допис од генералните секретари на УЕФА и ФИФА во врска со спорот меѓу Агенцијата за млади и спорт и ФФМ.

– Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА ја поддржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор.

Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа.

Иако датумот на изборното Собрание сè уште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство.

Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание, стои во дописот објавен на веб-страницата на ФФМ.

На последната прес-конференција во „Куќа на фудбалот“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини ја информираше јавноста за медиумски манипулативно известување со неважечка содржина споделено од Агенцијата за млади и спорт кое имаше за цел да фрли сенка на одличната година која е зад Фудбалската федерација на Македонија. Апсолутно сме убедени дека и во иднина заедно со сите поврзани чинители посветено ќе работиме на подобрување на условите во македонскиот фудбал, согласувајќи се околу потребата за спроведување и имплементација на македонските закони, порачуваат од ФФМ. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close