0_Спорт.ПорталФудбал

ФФМ: Националниот шампионат во сите конкуренции се прекинува на неодредено време

Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора македонска фудбалска лига, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора македонска фудбалска лига, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.

– Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани, објави попладнево ФФМ.

Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од коронавирусот, Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.

Во текот на денот и Кошаркарската федерација на Северна Македонија донесе одлука за прекин на сите натпреварувања што се под нејзини ингеренции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close