0_Спорт.ПорталОстанато

Фетел: Во споредба со минатата година, Ферари направи чекор напред

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ги сподели своите први впечатоци за работата на новиот болид.

Барселона, 21 февруари 2020 (МИА) – Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ги сподели своите први впечатоци за работата на новиот болид.

Според Германецот, со машината во 2020 година, тимот успеа да ја постигне својата цел и малку да го зголеми нивото.

  • Не знам дали ова ќе биде доволно, да видиме, но споредено со минатата година, ние дефинитивно направивме чекор напред. Но, во принцип, рано е да се суди за нешто повеќе. Тоа зависи од многу работи. Возев неколку круга и веднаш ги почувствував карактеристиките на автомобилот. Имаме уште многу работи што треба да направиме во преостанатите четири дена. Ајде да видиме како ќе работи машината, ќе одговориме на различните поставки, ние сме на самиот почеток, истакна Фетел.

Пред почетокот на новата сезона во Формула 1 шампионатот, тимовите денес во Барселона го имаат третиот ден од тест возењата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close