0_Спорт.ПорталОстанато

Фетел сакаше да купи Ферари од 2004 година, но му беше прескап

Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел изјави дека сакал да купи Ферари од 2004 година.

Берлин, 18 септември 2020 (МИА) – Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел изјави дека сакал да купи Ферари од 2004 година.

– Ова е мојот омилен автомобил. Нашите сегашни автомобили се многу поголеми, 160-170 кг потешки. Еден таков беше ставен на продажба. Сакав да го купам, но беше прескап, истакна Фетел.

Во Ферари Ф2004, Михаел Шумахер победи на трка од шампионатот во Формула 1 за последен пат во кариерата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close