Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ ќе се одржи на отворено

- Дваесет и осмото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ годинава ќе се одржи на отворено, во Градскиот парк во Струмица од 8 до 13 септември, соопштија организаторите.

Струмица, 7 септември 2020 (МИА) – Дваесет и осмото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ годинава ќе се одржи на отворено, во Градскиот парк во Струмица од 8 до 13 септември, соопштија организаторите.

Фестивалот традиционално почнува на Осми Септември, Денот на независноста.

-Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ Струмица, ќе се одржи на отворено на сцената на „Струмица опен Фест 2020“ во Градскиот парк и со ограничен број посетители, согласно владините мерки и протоколи, информира Ванчо Ристов Патриков, директор на Фестивалот.

До почетокот на фестивалот ќе се уредат и постават сите потребни елементи за одигрување на претставите на отворено, а утревечер ќе настапат актерите на Струмичкиот театар „Антон Панов“ со претставата „Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Кире Георгиев.

Во официјалната програма е планирано да се одиграат седум претстави од исто толку театри, исклучиво од земјава. Заради пандемијата ќе нема претстави од странство.

Фестивалската жири-комисија ќе ја предводи минатогодишниот лауреат, хрватскиот актер Драшко Зидар, кој онлајн ќе ги следи изведбите на претставите.

На ФКТ „Ристо Шишков“ се доделува само една награда за најдобро актерско остварување. Таа се состои од парична награда во износ од 1.500 евра, ланче и златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот, Ристо Шишков.

Во рамки на Фестивалот планирано е на 11 септември да се одржи и етно-концерт насловен „Беломорско патување“ на струмичанецот Филип Ричлиев и пријателите. рт/мд/

Back to top button
Close
Close