Дописници МКДОпштински вести

Фестивал на младо вино во Кавадарци

Фестивал на младо вино се реализираше денеска во Кавадарци, во организација на Здружението „Винотек”, кое се залага за негување и развој на винската култура, туризам и производи од грозје.

Кавадарци, 8 декември 2019 (МИА) – Фестивал на младо вино се реализираше денеска во Кавадарци, во организација на Здружението „Винотек”, кое се залага за негување и развој на винската култура, туризам и производи од грозје.

Со свои штандови се претставија над 20 винарии и преку дегустација ги промовираа своите производи. Се дегустираа вина и ракии и маџунот како традиционален производ од грозје.

-Еве ваквите настани кои покажуваат дека лозаровинарството како традиција на овие простори е на вистински пат, докажуваат дека имаме потенцијал и убава лозаровинарска приказна која му ја нудиме на светот и по неа не препознаваат, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Под мотото „Да налејме за да живејме, задоволство од одѕивот за промоција и дегустација изразија организаторите Јован Еленов и Панче Арсовски од ,,Винотек”. свд/дма/

Back to top button
Close
Close