0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиТенис

Феро победничка на ВТА турнирот во Палермо

Француската тенисерка Фиона Феро го освои првиот турнир кој по петмесечна пауза предизвикана од пандемијата, се одржа во Палермо, Италија.

Палермо, 9 август 2020 (МИА) – Француската тенисерка Фиона Феро го освои првиот турнир кој по петмесечна пауза предизвикана од пандемијата, се одржа во Палермо, Италија.

Таа вечерва во финалето ја совлада Анет Контавеит од од Естонија со 2-0, по сетови 6:2 и 7:5.

Финалето во Палермо траеше еден час и 45 минути.

Французинката, која во моментов е на 53. место на светската ранг-листа, ја освои втората ВТА титула во нејзината кариера и од утре ќе влезе во првите 50, станувајќи 44-ти рекет во светот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close