СветСвет.Портал

Фернандез и официјално претседател на Аргентина

Алберто Фернандез (60) денеска официјално ја презеде должноста претседател на Аргентина, откако положи заклетва во Парламентот.

Буенос Аирес, 10 декември 2019 (МИА) – Алберто Фернандез (60) денеска официјално ја презеде должноста претседател на Аргентина, откако положи заклетва во Парламентот.

Фернандез на функцијата шеф на државата го замени Маурицио Макри.

На местото потпретседател е избрана Кристина де Киршнер Фернандез (66), која беше претседател од 2007 до 2015 година.

Претседателот Фернандез на Твитер напиша дека ќе се потруди да и помогне на Аргентина „да застане на свои нозе“.

Тој по струка е адвокат, а беше и шеф на кабинетот на Кристина де Киршнер Фернандез. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close