0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Фернандеш: Погба и јас сакаме иста работа – ЛШ

„Црвените ѓаволи“ не загубија откако Бруно пристигна на „Олд Трафорд“, вклучувајќи 12 последователни натпревари во сите натпреварувања.

Манчестер, 20 јуни 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, изјави дека тој и Пол Погба имаат исти амбиции и дека вклучуваат учество во ЛШ следната сезона. Вчера Португалецот и Французинот играа заедно за прв пат во официјалниот натпревар. Погба направи пенал што го реализираше Фернандеш за реми од 1-1 на гостувањето против Тотенхем.

„Црвените ѓаволи“ не загубија откако Бруно пристигна на „Олд Трафорд“, вклучувајќи 12 последователни натпревари во сите натпреварувања.

– Амбициите на Пол се исти како моите – да му помогнеме на клубот да се квалификува во Лигата на шампионите, така што следната сезона можеме да ги покажеме своите квалитети на најсаканиот клупски турнир во Европа. Го познавам Пол уште од Италија, каде играв против него. Разговаравме неколку пати додека бев таму. Тренинг со него и со големи играчи ви помага да се развивате, да се прилагодувате на играта на другите. Пол беше еден од ретките со кој досега не сум бил во можност да го тренирам. Тој и Рашфорд, изјави Португалецот.

Фернандеш, исто така објасни како неговиот сонародник Кристијано Роналдо му помогнал да пристигне на „Олд Трафорд“.

– Кристијано беше активно вклучен. Тој ме пофалил, колку што знам. Ова е она што ми го кажа г-дин Солскјер. Потоа ми прати СМС да ме праша како сум, дали моето прилагодување се одвива добро. Тој е личност што многу ја почитувам, изјави халфот.

Таг
Back to top button
Close
Close