0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Ферари во конкуренција на конструктори го има најслабиот пласман во последните четири децении

Формула 1 тимот на Ферари заврши на шестото место во годинашниот шампионатот на конструктори. Ова е најлош резултат на италијанскиот тим од 1980 година.

Абу Даби, 13 декември 2020 (МИА) – Формула 1 тимот на Ферари заврши на шестото место во годинашниот шампионатот на конструктори. Ова е најлош резултат на италијанскиот тим од 1980 година.

На денешната трка во Абу Даби, Ферари не освои ниту еден бод.

Пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер немаат ниту една победа оваа година, а само три пати се искачија на подиумот.

Полош пласман во последните четири децении, „Скудерија“ забележа во 1980 година кога го освои 10. место во конкуренција на конструктори.

Оттогаш, Ферари има освоено десет титули меѓу конструкторите и шест индивидуални титули. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close