0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Ферари со подобрувања за Големата награда на Русија

Шефот на Скудерија, Матијас Биното изјави дека подобрувањата се мали, но треба да ги подобрат вкупните перформанси на болидите.

Маранело, 18 септември 2020 (МИА) – Екипата на Ферари ќе се обиде да направи промени со надеж дека ќе ги подобри своите перформанси на претстојното ГП на Русија.

Шефот на Скудерија, Матијас Биното изјави дека подобрувањата се мали, но треба да ги подобрат вкупните перформанси на болидите.

На последните три старта, возачите на тимот Шарл Леклер и Себастијан Фетел освоија вкупно четири бода.

По девет кола, тимот на Ферари е на шестото место во рангирањето на конструкторите. Заостанувањето на „црните коњчиња“ од шампионот Мерцедес веќе се зголеми на 259 поени.

Екипата на Алфа Таури е во подем во пласманот и сега заостанува само 13 бода зад Скудерија, што значи дека ако продолжи лошиот учинок, паѓањето во поредокот може да продолжи.

Таг
Back to top button
Close
Close