0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Ферари потпиша договор со Саинц

Прес-службата на Формула 1 тимот, Ферари, соопшти дека е потпишан договор со возачот на Мекларен, Карлос Саинц. Шпанецот ќе се приклучи на тимот во 2021 година.

Маранело, 14 мај 2020 (МИА) – Прес-службата на Формула 1 тимот, Ферари, соопшти дека е потпишан договор со возачот на Мекларен, Карлос Саинц. Шпанецот ќе се приклучи на тимот во 2021 година.

Саинц во Ферари ќе го замени четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, кој ќе го напушти тимот на крајот на сезоната 2020 година.

Пред да се придружи на Мекларен, Саинц возеше за Торо Росо и Рено.

Во досегашната кариера, Карлос има 102 трки во Формула 1 и еден подиум. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close