0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Ферари не брзаат да му понудат нов договор на Фетел

Така, Себастијан Фетел останува со неговиот сегашен договор, кој истекува на крајот на 2020 година, а за потпишувањето на нов ќе се разговара едвај во средината на претстојната сезона.

Маранело, 8 јануари 2019 (МИА) – Непосредно пред Божиќ, Ферари го објави новиот договор на нивната млада надеж, Шарл Леклер, со кој тие се обврзаа до 2024 година. Во исто време, газдите на „Скудерија“ не брзаат да го објават својот пилотски состав за 2021 година, кога доаѓаат големи измени во правилата на Формула 1, изјави тимскиот шеф Матијас Биното, додавајќи дека Фетел е пилот на Ферари и нема потреба од таа да се брза со одлуката за неговата иднина.

Така, Себастијан Фетел останува со неговиот сегашен договор, кој истекува на крајот на 2020 година, а за потпишувањето на нов ќе се разговара едвај во средината на претстојната сезона.

– Не гледам никаква напнатост во врска со новиот договор за Фетел. Тој беше пилот на Ферари и е дел од нашето семејство со години. Нема да брзаме и ќе работиме заедно со него, за да откриеме како си ја претставува иднината на неговата кариера, како сакаме ние да се развиваме како тим и што допрва треба да постигнеме. Верувам дека со Фетел и Леклер располагаме со најдобриот пилотски пар во Формула 1, а годинава тоа ќе стане јасно, изјави Биното.

Таг
Back to top button
Close
Close