0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Ферари му испрати на Фетел втор предлог за продолжување на договорот

Ферари му испрати втор предлог на германскиот пилот Себастијан Фетел за обновување на договорот, пренесува инсајдер во Ф1.

Лондон, 5 мај 2020 (МИА) – Ферари му испрати втор предлог на германскиот пилот Себастијан Фетел за обновување на договорот, пренесува инсајдер во Ф1.

Според изворот, италијанскиот тим му нуди на Фетел двегодишен договор со можност за продолжување. Се соопштува дека Ферари сепак сака да ја намали платата на Фетел. Според сегашниот договор, Германецот добива околу 30 милиони долари годишно, но тимот сака да ја изедначи неговата заработка со платата на неговиот клупски колега Шарл Леклер (12 милиони долари).

Фетел претходно ја отфрли понудата на Ферари да го продолжи договорот за една година и го нарече „исмејување“. Тековниот договор со тимот важи до крајот на 2020 година. Пријавено е дека во случај на заминување на четирикратниот светски шампион од Ферари, неговото место ќе го поплни Карлос Саинц (Мекларен) или Даниел Рикиардо (Рено). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close