0_Спорт.ПорталКошарка

Фенербахче не му понуди на Обрадовиќ продолжување на договорот

Раководството на турскиот кошаркарски клуб Фенербахче нема разговарано со тренерот Жељко Обрадовиќ за продолжување на договорот, објави Емилијано Корчија од „Спортaндо“.

Истанбул, 22 април 2020 (МИА) – Раководството на турскиот кошаркарски клуб Фенербахче нема разговарано со тренерот Жељко Обрадовиќ за продолжување на договорот, објави Емилијано Кaрчија од „Спортaндо“.

Претходно се појавија шпекулации дека турскиот клуб му понудил на Обрадовиќ да го продолжи договорот со намалување на платата за 50%.

Обрадовиќ е предводник на Фенербахче од 2013 година. Во 2017 година, тимот од Истанбул под негово водство ја освои Евролигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close