0_Спорт.ПорталТенис

Федерер нема да игра на Австралија опен

Агентот на Роџер Федерер Тони Годсик, соопшти дека тенисерот ќе го пропушти Австралија опен во Мелбурн. Швајцарецот се очекува да се врати на терените по закрепнувањето од повредата, некаде на крајот на февруари.

Мелбурн, 28 декември 2020 (МИА) – Агентот на Роџер Федерер Тони Годсик, соопшти дека тенисерот ќе го пропушти Австралија опен во Мелбурн. Швајцарецот се очекува да се врати на терените по закрепнувањето од повредата, некаде на крајот на февруари.

Претходно, 39-годишниот Федерер изјави дека приоритети во 2021 година за него се Олимписките игри, Вимблдон и УС Опен.

Единствениот турнир што Федерер го играше во 2020 година беше Австралија опен, каде стигна до полуфиналето. После тоа тој беше подложен на две операции на десното колено. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close