0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Федерер: Ќе беше полесно ако сега се пензионирав

Федерер не играше откако загуби во полуфиналето на Австралија опен од Новак Ѓоковиќ во јануари, а остатокот од сезоната ќе го пропушти поради две операции на коленото.

Базел, 9 јули 2020 (МИА) – Роџер Федерер призна дека крајот на кариерата се приближува, но тој рече дека неговата цел засега е добро да се подготви за следната сезона.

Федерер не играше откако загуби во полуфиналето на Австралија опен од Новак Ѓоковиќ во јануари, а остатокот од сезоната ќе го пропушти поради две операции на коленото.

Швајцарецот не пропушти многу, бидејќи натпреварите беа прекинати поради пандемијата на коронавирус и треба да продолжат кон средината на август.

– Во суштина, бев загрижен само за здравјето, но сега ми недостасува чувството да играм пред полн стадион. Знам дека се приближува времето кога ќе ја завршам кариерата и мислам дека ќе ми недостига многу, рече Федерер за германски „Цајт“.

Сепак тој вели дека мора да биде трпелив и да продолжи да работи.

– Ќе беше полесно ако се пензионирав во овој момент, но сепак сакам да си дадам можност да уживам во тенисот. Ќе си дадам малку време да се вратам во добра форма, вели тој.

Таг
Back to top button
Close
Close