СветСвет.Портал

„Фејсбук“ забранува реклами за лекови и превенција од новиот коронавирус

Од Фејсбук сооштија дека ќе забранат реклами за новиот коронавирус во кои се говори за лекување или превенција на заболувањето и оние кои создаваат итност околу ситуацијата.

Mенло Парк, 26 февруари 2020 (МИА) – Од Фејсбук сооштија дека ќе забранат реклами за новиот коронавирус  во кои се говори за лекување или превенција на заболувањето и оние кои создаваат итност околу ситуацијата.

Фејсбук објави дека ќе ги избрише содржините за вирусот со лажни информации или конспиративни теории по барање на здравствени власти и здравствени органи во светот.

Соопштението на Фејсбук е во момент на проверки на регулатори во светот во врска со објавувањето содржини на платформи поврзани со радикални идеологии и лажни вести. зш/

 

Back to top button
Close
Close